Денеска (28.04.) со почеток од 11:30 часот, агенцијата McCann Скопје и AmCham Македонија, Ве покануваат на панел дискусијата во живо на тема “Што ќе се промени во адвертајзингот по (и за време) на коронатa?“.
Говорници на панелот ќе бидат:
- Richard Bonner-Davies, I&F Grupa President International Business, Services and New Market Development
- Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации во Halkbank AD Skopje.
- Ирина Маја, Growth Director во McCann Скопје.
Овој панел е дел од серијалот “Како брендовите можат да ги најдат своите вредни улоги во светот превртен наопаку”.
Панелот ќе биде на англиски и македонски јазик, а сите заинтересирани што би сакале да постават прашање тоа можат да го направат вербално со кревање рака или во пишана форма во чат формата за време на сесијата.
Проследувањето на панелот е бесплатно и истиот ќе може да се следи на следниов ЛИНК : https://bit.ly/3bLwBDn