Објавувањето на новите висококвалитетни снимки од вселената кои ги направи телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА предизвикаа големо внимание кај светската јавност. Сликите се огромен скок напред во однос на оние направени од вселенскиот телескоп Хабл, така што не можете да ги обвинувате научниците дека се емотивни поради резултатите.
Во НАСА се толку воодушевени од острината и живоста на сликите, што го ангажираа PANTONE да ги „преведе“ нивните бои во конкретна палета која ќе може да биде употребувана од страна на креативците.
Преку снимките со висока дефиниција, сликите „[комуницираат] секоја фаза од 13,5 милијарди години космичка историја – од нашиот Сончев Систем до најоддалечените набљудувани галаксии во раниот универзум и сè помеѓу“, опишпуваат од PANTONE. Голем дел од ова останува надвор од способноста на човековото разбирање, но, сепак, она што можеме да го разбереме е моќниот јазик на бојата.
Како што посочуваат корисниците на социјалните мрежи, овие снимки се снаправени од луѓе и прикажуваат само нијанси што човечкото око може да ги види. Некои од боите на PANTONE се намерно означени со земски имиња како „Adobe“, „Marina“, „Hotch Canal“ и „Cedar Wood“, што на некој начин ја докажува таа поента. Но, замислете цел универзум на космички бои кои сè уште не сме ги доживеале?