Францускиот производител на алкохолни пијалаци Grey Goose ја назначи Парис Хилтон за нов „креативен директор за мартини“, следејќи го растечкиот тренд на брендови кои ангажираат познати личности како креативни маркетинг директори.
Паралено со назначувањето на Хилтон, брендот објави и краток видеоспот за промоција на нивниот готов коктел „Grey Goose Classic Martini Cocktail“. Спотот започнува со сцена во која новата креативна директорка на брендот прелистува книга за да објасни како се меша совршениот мартини коктел.
Меѓутоа, во еден момент ѝ подаваат шише од готовиот коктел на Grey Goose, па сфаќа дека тоа е токму она што го бара. Крајниот рецепт е сосем едноставен: земате Grey Goose Classic Martini Cocktail и го ставате во добро изладена чаша со „шик“ дизајн.
“That’s hot” („Тоа е жешко“) – како што вели популарната Парис Хилтон.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата RadicalMedia.
View this post on Instagram