Home » Компании » Парк Хотел и Спа дел од Skopje Travel Market

Парк Хотел и Спа дел од Skopje Travel Market

Парк Хотел и Спа оваа година за прв пат ќе биде дел од Skopje Travel Market. Саемот претставува одлична можност каде на едно место хотелскиот комплекс ќе има прилика да ги прикаже убавините на бројните содржините со кои што располага, пред домашни и интернационални посетители.

Саемот се оддржува од вчера па се сабота и таму Парк Хотел и Спа со својот штанд ќе биде лоциран во третата хала каде што посетителите ќе имаат можност во целост да се запознаат со услугите кои ги нуди овој хотел.

Тимот на Парк Хотел и Спа ве поканува на овогодинешниот саем на туризам, каде што ќе се претстави со уникатен и модерен штанд на кој покрај информации и држење со тимот од хотелот, ќе следуваат и многубројни изненадувања за посетителите. Покрај штандот во третата хала, претставниците на  Парк Хотел и Спа, ќе може да ги пресретнете и во останатите хали на саемот каде ќе ви доделат „пасош за check in“. Со “check in” на штандот на Парк Хотел и Спа, ќе станете добитник на еден од могубројните подароци. Не пропуштајте ја одличната можност да дознаете детали кои се однесуваат на содржините на хотелот, како и неверојатните понуди кои ги нуди Парк Хотел и Спа.

Парк Хотел и Спа e софистициран и модерен дизајнерски хотел со 5 ѕвезди. Располага со 79 соби и апартмани кои се опремени со модерен и софистициран декор, комфорен мебел и незаменлив поглед кон реката Вардар. Ресторанот FОUR, Фитнес и Спа Парк, конференциските сали, се само дел од содржините кои ќе ви овозможат уникатно искуство при посета на хотелот.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365