Електронскиот платежен сервис PayPal отпочнува глобална ревизија на својот договор за медиско планирање и закуп.
Ревизијата ќе биде компетитивна, а следи по назначувањето на Лиен Шератон како генерална маркетинг директорка на компанијата во мај 2022.
Актуелна медиска агенција на PayPal на повеќе европски пазари е Havas Media Group, која според информации на адвертајзинг магазинот Campaign ќе се обиде да го задржи и прошири својот постојан договор со платежниот бренд.
Во вториот квартал на 2022 година, PayPal забележале зголемување од 9% на нето приходите во однос на истиот период минатата година – од 6.2 милијарди долари на 6.8. милијарди долари.