Порано во февруари оваа година, популарниот американски бренд за палачинки Aunt Jemima се ребрендираше во Pearl Milling Company, со цел да ги избегне расните стереотипи со кои се поврзуваше претходниот бренд.
Откако замената на различно-брендираните производи во маркетите беше комплетирана ова лето, Pearl Milling Company и конечно ја лансираше својата прва огласувачка кампања, и тоа во една нова и инклузивна насока.
Кампањата ќе се состои од три телевизиски спотови, од кои првиот беше објавен на 30 август, а останатите два ќе бидат во октомври. Рекламите се режирани од страна на Џастин Касел.
Првиот спот прикажува топло фамилијарно утро со вкусен доручен од палачинки, при што нарацијата посочува дека компанијата „редела палачинки отсекогаш“, укажувајќи дека и покрај промената на името, препознатливиот вкус останува. Најдобриот аспект на рекламата е можеби слоганот на крајот: „Наредете ги ммм… моментите“.
„Заедничката нишка на спотовите е љубовта и топлината да се биде заедно, почнувајќи го денот со насмецка и препознатливиот одличен вкус на Pearl Milling Company кој е тука со години и ќе продолжи да биде тука“, истакнува Кристин Крофл, генерален маркетинг директор на Quaker Foods North America, матичната компанија на Pearl Milling Company (инаку сите заедно дел од корпорацијата PepsiCo).