Доколку некогаш сте се прашувале што е различно, а што автентично околу Кинеската Нова Година, тимот на Пекинг Гарден, ќе ви открие неколку интересни факти околу овој празник кој го прославува Кинеското општество ширум светот, векови наназад.
-
Кинеската Нова Година или Лунарна Нова Година се прославува секoја година и е позната уште и под името Пролетен фестивал (Chineese Spring Festival).
-
Името, „Пролетен Фестивал (Spring Festival)” го наговестува почетокот на пролетта, односно крајот на зимските денови, а почетокот на пролетта и топлите сончеви денови.
-
Кинеската Нова Година е најголемиот традиционален празник во Кина, за кој најмалце 2 милијарди Кинези се собираат и се враќаат од сите краеви на светот, за да бидат заедно со своите семејства.
-
Оваа година, Кинеската Нова Година се прославува на 8 Февруари, а завршува на 27 Јануари 2017 год. Вечерта кога се прославува Новогодишната ноќ, уште се нарекува и Лунарна Новогодишна ноќ или семејно обединување.
-
Во центарот на вниманието е и храната, а особено е важно да се јадат многу слатки, бидејќи се сметаат за можност да се заслади новата година. Традиционално се јаде пудинг од ориз, кандирано овошје и семки.
-
Според самите легенди, на Новогодишната Лунарна ноќ, се верува дека од својата скривница се појавува чудовиштето „Нијан“ – пола змеј, пола лав кое ги напаѓа луѓето. Исто така се верува дека ова чудовиште се плаши од црвената боја, па поради тоа се е во знакот на црвената боја. Црвената боја, е боја на сонцето и симбол на силата, крвта и животот, па и боја на огнот со кој се истерува змејот, а симболизира топлина и славење.
-
Домовите се украсуваат со специјални црвени украси, кои ја имаат тематиката на “среќа” или “дупла среќа – љубов”, “богатство” и “долг живот”.
-
Од крајот на месец јануари до средината на месец февруари слави кинеското општество во Кина, Хонк Конг, Макау, Тајван, Сингапур, Тајланд, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Маурициус и Филипинте и воедно секаде во светот каде што преовладува кинеската популација.
-
За секоја година Кинезите имаат одредено по едно животно – заштитник или симбол. Оваа година, е година на мајмунот. Мајмунот е деветти член на кинескиот животиснки астролошки циклус и симболизира љубопитност, палавост и интелегенција.
-
Славењето трае цели 15 дена, се до мала Нова година, кога семејствата официјално се разидуваат, а некои членови се гледаат со своето семејство на следната Кинеска Нова Година.
По повод „Кинеска Нова Година 2016“, во азискиот ресторан Пекинг Гарден во Скопје, во периодот од 01.02-16.02.2016 год. сите обожаватели на суши ќе имаат можност да уживаат по специјални цени од 50 попуст со самопослужување на првата „Running Sushi“ лента во Скопје.
Во чест на Кинеската Нова Година, сите гости во Пекинг Гарден ќе бидат послужени со десерт од куќата – „Пржен сладолед“ со вкус по избор.
Пекинг Гарден се наоѓа на улица Максим Горки бр.3 на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје, на местото на поранешна Пивница, веднаш до Кафе Тренд.
За сите информации можете да се информирате на следниов телефон 071/381-981.
Пекинг Гарден ви ја честита новата Кинеска година и ви посакува благодет, успех и многу весели моменти.
(комерцијален текст)