Home » Во фокусот » “Пелагонија“ – со нов дух и нов визуелен идентитет

“Пелагонија“ – со нов дух и нов визуелен идентитет

Викендов во Преспа започна серијата на настани кои месецов ќе се случуваат низ Пелагонија во рамки на проектот „Откриј ја Пелагонија“. Целта на проектот е да се промовира Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам.

Во склоп на овој проект беше изработен и визулен идентитет на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам од страна на креативниот тим ( mycreativeteam.com ) на маркетинг агенцијата Eyecon Media од Битола кој беше претставен вчера, на прес – конференција на настанот „Откриј ја Пелагонија“, во Стење.

pelagonija-logo

Oд My Creative Team ни објаснија дека идејата за дизајн на логото како дел од Визуелниот идентитет на регионот е самата природа и нејзините природни форми. Логото произлезе од  формата на регионот поделен на 9 делови – асоцијација на деветте општини во Пелагониски регион.

Бидејќи се работи за лого на Регион (дестинација), а не корпоративно лого, си дадовме слобода да употребиме многу боja што му дава на логото еден весел, авантуристички и адреналински дух. Боите исто така си имаат свое ЗОШТО: асоцираат на идејата дека сите општини во Пелагонискиот регион се единствени и различни една од друга, но обединети во целта да го заживеат авантуристичкиот туризам – обединети во различностите и уникатните можности за авантура кои ги нуди секоја една од деветте општини

Логото за овој проект ја идентификува Пелагонија како регион за одлична авантура која изобилува со прекрасни глетки, недопрена природа, органска храна, вековна традиција и култура.

Print

Print

Тоа е живо како и самата природа и се менува во однос на позадината на која се користи.

Во рамките на овој визуелен идентитет беше изработен и Прирачник за користење на логото (ЛИНК)  и Прирачник за користење на визулениот идентитет (ЛИНК).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365