Брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi продолжува со обидите да наметне како најдобар партнер на вкусната храна.
Откако пред една година се обиде да се наметне како подобар избор за комбинирање со хумбургери отколку своите конкуренти, а пред два месеци лансираше лимитирана серија на газиран пијалак со вкус на јаворов сируп, брендот сега создаде специјална пеперони-пица со вкус на Пепси.
Во партнерство со бизнис одделот на Кулинарскиот институт на Америка, брендот создаде пеперони-салама со свинско месо натопено во Pepsi Zero Sugar, спарувајќи ги италијанските зачини со цитрусните и карамелни ноти на Pepsi. Оваа салама потоа била чадена со саати и на крај била полиена со дополнителна „глазура“ од Pepsi. Конечно, саламата била исечена на парчиња, брендирани во крцкава варијанта на логото на Pepsi, поставени на пица, добивајќи – „Пепси-рони пица“.
Брендот планира да раздава бесплатни парчиња од својата „Пепси-рони пица“ на случајни минувачи во Њујорк – американската престолнина на пицата и родно место на нејзината пеперони варијанта, и тоа по повод Националниот ден на пицата (20 мај). За оние кои живеат надвор од Њујорк, бреднот планира да продава ограничени колични од пицата на повеќе локации низ САД.