Ова лето Coca-Cola ја лансираше новата верзија на бесшеќерниот пијалак Coca Cola Zero Sugar, запрашувајќи се дали е тоа всушност „Најдобрата Кока-Кола досега?“. Меѓутоа, како и со сите нови работи, има и незадоволни фанови кои го сакаа пијалакот баш онаков каков што си беше.
Токму тие луѓе се целта на новата американска кампања на лутиот конкурент Pepsi, кој се обидува да ги придобие на своја страна.
Hey @CocaCola IT’S NOT YOU, IT’S ME
While you keep changing New Coke Zero, we’ll always be in good “taste”. #MyCokeBreakUp #NewCokeZero pic.twitter.com/awGXMTDMST
— Pepsi (@pepsi) August 18, 2021
По „раскинувањето“ со Кока-Кола, Пепси ги охрабрува разочараните фанови дека е време да „продолжат понатаму“, нудејќи дури да им купи една пијачка.
Имено, како дел од кампањата, Пепси нуди поврат на средства за купено шише Pepsi Zero Sugar, доколку потрошувачите споделат слика со пијалакот и хаштагот #MyCokeBreakUp (т.е. „Моето раскинување со Кока-Кола“).
„Им посакуваме добредојде на поранешните пијачи на Coke Zero Sugar со отворени раце и бесшеќерен пијалак кој не прави компромис со вкусот“, посочува Пепси во соопштението по повод кампањата, додавајќи дека штом пијачите го пробаат Pepsi Zero Sugar, тие ќе „продолжат да се навраќаат кон него“.
Hey Coke Zero drinkers, it’s time to move on …can we buy you a drink?
Share a pic of you with your Pepsi Zero Sugar using #MyCokeBreakUp and make it official!
Official Terms: https://t.co/uwbjGMagSx pic.twitter.com/71Z1Kv9zTK
— Pepsi (@pepsi) August 18, 2021