Пред околу еден месец Pepsi го најави лансирањето на новиот безалкохолен газиран пијалак со вкус на лимета под името Starry. Сега, за време на изминатиот Ол-Стар викенд во НБА Лигата, компанијата ја објави и првата реклама за новиот пијалак.
Главна ѕвезда на рекламата е актерката Кеке Палмер, која гледа кошаркарски натпревар, а до неа седат анимираните маскоти на пијалакот – Lem и Lime. Едниот од нив ја понудува со лименка Starry, а кога таа отпива – од лименката се материјализира маж направен од газираниот пијалак.
Потоа следува краток љубовен момент помеѓу актерката и телесната манифестација на пијалакот, по што Палмер целосно го „испива“ при нивниот бакнеж. Сето тоа со неверување го гледа кошаркарот Тајрис Макси од тимот на Philadelphia 76ers, додека двајцата анимирани маскоти реагираат ужаснато од „отпивањето“ на нивниот газиран пријател.
Рекламата е создадена од креативната агенција VaynerMedia и продукциското студио Superprime/ProdCo.