Компанијата PepsiCo воведува нова серија на продукти на американскиот пазар – безалкохолни миксови за припрема на коктели.
Брендирани под името “Neon Zebra”, миксовите претставуваат лесен начин како да се дојде до највкусните коктели во само неколку секунди. Пијалоците се направени од вистински џусови, без вештачки засладувачи, спакувани во алуминиумски лименки кои можат да се рециклираат.
Миксовите сега-засега доаѓаат во четири вкусови: “Margarita Mix”, “Strawberry Daiquiri Mix”, “Mojito Mix” и “Whiskey Sour Mix”.
Според компанијата, овие миксови лесно можат да се мешаат со алкохол, така што со една лименка од вкус по избор и 90 милилитри ликер може да се добијат два коктели за споделување.
„Со порастот на консумацијата на коктели во домашни услови, увидовме можност да влеземе во оваа растечка категорија со производ кој ја задоволува потребата на потрошувачите за погодност – да се намали времето и тешкотиите на подготвување коктели без да се прави компромис со нивниот квалитет и вкусот,“ истакнува Емили Силвер, потпретседател за иновации и можности во PepsiCo за Северна Америка.