Веќе една деценија, брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi стана синоним за шоуто кое се изведува на полувремето од најважниот финален натпревар во американскиот фудбал – Super Bowl. Но, после деценија на екстравагантни шоуа, Pepsi донесе одлука повеќе да не го спонзорира полувремето на Super Bowl.
Pepsi го започна својот спонзорски договор со Super Bowl во 2012 години, со вредност од 2 милијарди долари за следните 10 години т.е. до 2022 година. Компанијата досега го спонзорирала настапот на музички ѕвезди како Принц, Мајкл Џексон, Бијонсе, Пол МекКартни, Брус Спрингстин, Аеросмит, Лејди Гага, Џенет Џексон и Џастин Тимберлејк.
За своето последно шоу, оваа 2022 година, Pepsi приреди неверојатен омаж кон хип-хоп културата, со настап на Др. Дре, Снуп Дог, Еминем, 50 Сент, Кендрик Ламар, Тревис Скот и Мери Џ. Ближ.
Сепак, повлекување на спонзорството на Pepsi за полувременското шоу на Super Bowl не значи и целосно прекинување на спонзорствата на компанијата во американскиот фудбал. Компанијата ќе продолжи да го спонзорира НФЛ драфтот, како и наградните церемонии за најдобри играчи во сезоната.
Според Pepsi, како причини за нивната незаинтересираност да го продолжат спонзорирањето на Super Bowl се наведуваат растечките трендови во консумацијата на дигитални содржини и стриминг, односно падот во гледаност на традиционалната телевизија во живо.
Националната фудбалска лига на САД (NFL) веќе започна постапка за барање нов спонзор на полувременското шоу на Super Bowl.