Брендот за безалкохолни пијалоци Pepsi се реши да се наврати на 1970-те, со тоа што ќе им даде еден модерен шмек.
Pepsi за 20 септември го најави „воскреснувањето“ на два нови вкусови од минатите времиња – Cream Soda Cola и Black Cherry Cola. Тие ќе се продаваат во шишиња и лименки кои се оттргнуваат од постојниот дизајн препознатлив за Pepsi и го прифаќаат ретро стилот кога брендот беше познат како Pepsi-Cola.
Заштитно лице на кампањата со која ќе бидат промовирани старо-новите вкусови е американската раперка Doja Cat, која по тој повод објави и своја реинтерпретација на песната “You’re the One That I Want” од мјузиклот “Grease” (1978, со Џон Траволта и Оливија Њутон-Џон).
„Соработката со Pepsi на оваа преработка на ‘You’re the One that I Want’ беше надреална. Тоа е толку иконична песна и бренд, па можноста да ѝ дадам своја интерпретација за лансирањето на Pepsi-Cola Soda Shop беше уникатно животно искуство. Морав да бидам дел од тоа!“ – истакнува популарната Doja Cat.
Новите вкусови ќе бидат достапни ограничено време на територијата на САД. Не беше соопштено дали тие евентуално ќе стигнат и на европско копно.