Австралискиот пивски бренд James Squire лансираше нова епска кампања насловена “Ordinary Be Damned” („Обичноста нека биде проклета“), која го прераскажува невообичаениот живот на нивниот основач – Џејмс Скваер.
Ликот на Скваер го толкува актерот Рори МекКен, најпознат по ликот на „Песот“ во популарната филмска серија Game of Thrones.
Нараторот на централниот спот на кампањата раскажува како основачот Скваер „одел во црква, пазел на своите манири и го почитувал законот“. Меѓутоа, од видеото, гледачите можат да забележат дека тоа воопшто не било така.
Напротив, Скваер бил криминалец кој учествувал во разни, најблаго речено, морално дискутабилно активности, а потоа бил депортиран од Британија во Австралија, каде го отпочнал својот пивски бизнис.
На крајот, нараторот вели „Џејмс Скваер бил задоволен да биде обичен човек“, додека на екранот се појавува слоганот „Обичноста нека биде проклета“.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Milk + Honey.