Home » Во фокусот » Пет начини со кои ПР професионалците може да ја подобрат својата работа

Пет начини со кои ПР професионалците може да ја подобрат својата работа

Денешната ‘’жешка’’ тема утре може да се вбројува во стари новости. Со оглед на промените во преференциите кај публиката, медиумите и самите новинари, станува исклучително доста тешко да се открие што е тоа што ќе биде популарно во дадениот период.

Еден од предизвиците со кој ПР професионалците секојдневно се соочуваат е и тој да обезбедат медимска покриеност за своите клиенти. Следењето на новостите во медиумите и разбирањето на медиумските тактики во односите е императив за освојување на новинарите.
Еве на кој начин може да ги подобрите своите понуди и воедно и како да ги направите своите приказни повредни за вбројување помеѓу медиумските новости.

  1. Следете новости

Не читајте ги само новостите, читајте написи кои се напишани од страна на новинарот пред кој сакате да ги презентирате своите понуди.
На овој начин пред да му пристапете на новинарот ќе имате во предвид што тој покрива од страна на области на работа, кој е неговиот стил на пишување и што издава во печатот. Колку порелевантна е новоста за новинарот толку е поверојатно дека натписот ќе биде објавен.

  1. Не ‘’спамирајте ги’’ новинарите

Вие сигурно посакувате издавање на таргетирани објави. Доколку испраќате новости без да ги погледнете мејловите во листата која сте ја направиле ќе бидете игнорирани.
Доколку праќате информации во автоматизирана листа (што е уште полош случај)  ќе стигне во делот од  спам пораки..

  1. Додавајте изреки

Изреките ќе додадат човечки фактор на вашата приказна и ќе и дадат кредибилитет. Нудите на овој начин еден извор помалку кој новинарите и сами ќе го пребаруваат со цел да креираат приказна.

  1. Вклучете ги 5те прашања

Во рамките на првиот параграф новинарот кој ја добил изјавата за прес добро е да добие информација- одговори на 5те прашања:Кој? Кога? Како? Што? Зошто?
Прегледајте го и сами вашиот документ за прес и запрашајте се себе, доколку не можете со самите наведени информации да си ги одговорите 5те прашања, тогаш приказната не е добра.

  1. Внимавајте на крајни рокови

Сите ние работиме со крајни рокови,но најважниот краен рок кој треба да го имаме во предвид е оној на новинарот. Доколку сте ја сработиле вашата ПР домашна задача, му давате доволно време на новинарот да ја покрие задачата. Не давајте временски ограничени новости кои треба да се вклопат во распоредот на новинарот. Запомнете дека новинарите понекогаш  добиваат стотици новости дневно.
Со цел да избегнете ‘’инстант’’ бришење, испраќајте новости кои се вредни за читање- но, погрижете се во исто време да бидат интересни и за останатите (вашата публика, публиката на новинарот и на самиот новинар), не само за вас и вашиот клиент.

 

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365