Home » Во фокусот » Сандра Спирова: Пет причини зошто уживам да работам во маркетинг агенција

Сандра Спирова: Пет причини зошто уживам да работам во маркетинг агенција

Креирање на различни решенија за клиентите, со цел да отворат нови можности кои се опипливи, квантитетни и квалитетни, мотивираат и се причина со која работното место како акаунт во маркетинг агенција е отсликување на она што го поседувам да го презентирам и да се претставам себе си.

Разновидноста која ја нуди работата во маркетинг агенција е и прашањето за кој следен бренд/компанија ќе креираш ново идејно решение приспособувајќи се на побарувањата и можностите кои ќе се отворат.

Пет причини зошто е предизвик да се работи во маркетинг агенција?

  1. Разноликоста е зачин во кујната на мојот живот!

Секој ден носи нови креативни решенија, деновите никогаш не се исти. Постојано мозокот размислува како клиентите да ги пласираат своите можности преку маркетинг алатките и каналите за комуницирање, дијаметрално различни за секој клиент.

  1. Пефекционизмот е приоритет!

Креирањето на концептуална понуда значи да се понуди она што лично ќе ти се допадне да го купиш, да го видиш, да стиснеш лајк на социјалните мрежи, формирајќи перфектност преку конкретни анализи на пазарот со кои ќе се формира лидерство во поглед на останатите. На овој начин задоволството на клиентот е всушност сопственото задоволство за успешно сработен проект, кое се пренесува и како успех за целиот тим.

  1. Спознај се себе си!

Кругот на луѓе секојдневно се проширува, нови искуства, нови сознанија, нови можности, посилен карактер, нови креативи!Не знаев дека можам да одговрам на различни предизвици, но со оваа работа се запознав себе си.

  1. Не постои НЕ/НЕМОЖЕ!

Идеите се безвременски кога ќе се комбинираат паметно се добива вистинското решение. Барањата на клиентите знаат да бидат без граници, се до моментот кога сфаќаш дека новиот предизвик те направил посилен и реално ги постигнуваш очекуваните резултати.

  1. Работник – другарство!

Градење на цврсти меѓучовечки односи, без компетитивност, комплетна сплотеност, секојдневни брифирања, задоволство во кое успехот на колегата е и твој успех. Формирајќи другарски однос е најголемата вредност за една маркетинг агенција, каде што успешноста е генерална за сите.

Сите за еден, еден за сите! (Тројцата мускетари – Александар Дима)

Вистинско задоволство е да се биде дел од маркетинг сферата во време во кое напливот на идеи работи 24/7/365 дена. Решението е во постојани тимски анализи, секојдневни утрински кафе брифирања кои повторно на пиедесталот го носат перфекционизмот.

Автор: Сандра Спирова, Идеа Лаб (www.idealab.mk)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365