Петар Стојчевски и Елена Божиновска се младите креативци од Македонија кои ги креираа најдобрите постер-решенија на тема: “Стоп за пишување на мобилен додека возите”
Во пресрет на адвертајзинг фестивалот „Golden Drum“ (кој ќе се оддржи од 7 до 10 октомври во Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организираше натпреварот „Young Drummers“ на кој беа поканети сите млади креативци да земат учество.
На натпреварот првата награда му припадна на Петар Стојчевски, кој од објективни причини нема да биде во можност да патува, па затоа второ наградената Елена Божиновска ќе го прифати предизвикот и ќе замине за Порторож.
Елена ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за Голден Драм.
„Навистина сме пријатно изненадени од големиот број на креативни решенија кои пристигнаа и одлуката не беше лесно да се донесе кому ќе му припадне првата награда. Ова особено не радува бидејќи ја покажува силната кретивна моќ на младите дизајнери како и мотивот да се учестугва на едне ваков натпревар. И посакувам на Елена среќен пат и се надевам дека учеството на „Golden Drum“ за неа ќе биде позитивно искуство кое ќе ја инспирира во понатамошната работа“, изјави Андреј Павловски од AVA DDB , амбасадор на „Golden Drum“ за Македонија.
Како општествено одговорна компанија Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта беше да се подигне свесноста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот.