Кога некој врвен центарфор си оди од една во друга екипа во рамки на првата македонска маркетинг лига…публицитетот бива сам по себе креиран. Посебно ако точно напладне Ви стигне маил со наслов: “Последен поздрав“ :)
Трансфер деталите од оваа “трансфер бомба“ не смееме да ги откриваме се’ уште, но сигурни сме во големата вредност на овој домашен “прекален“ стрелец со медиски дрес кој 14 години поентираше кај македонските медиуми со разни рејтинг поени, секунди, банери, попусти….
Со среќа Иво во новиот “живот“, белким ќе имаш “поголем буџет“ сега!