Американската фармацевтска компанија Pfizer, во последно време актуелна по нивните вакцина против Ковид-19, доби нов бренд идентитет со почетокот на новата година.
Компанијата го замени претходното лого во форма на пилула со нов дизајн инспириран од двојната спирална структура на молекулата на ДНК – потег што компанијата го опишува како сигнал во транзицијата од трговија кон наука.
Обновена е и палетата на бои на брендот, па така, наместо досегашната еднотонската сина боја, креативните визуелни решенија на Фајзер во иднина ќе бидат изведени во два различни тонови на сината боја.
Истовремено, покрај спиралите на ДНК-молекулата, визуелната комуникација на компанијата во поголема мера ќе се фокусира на човечкиот фактор, акцентирајќи ја определбата на брендот дека пациентите се најважни.
„Нашиот идентитет го рефлектира достоинството на историјата на Pfizer и го доловува иновативниот дух и научниот фокус кој е жив во компанијата денес“, истакна Сали Сусман, извршен потпретседател и генерален директор за корпоративни работи на Pfizer.
Ребрендирањето на компанијата е остварено со помош на креативното студио Team од Њујорк. Според одредени информации, целиот процес на ребрендирање траел околу 18 месеци.