Американската адвертајзинг компанија Interpublic Group, која се состои од агенциските мрежи FCB, IPG Mediabrands, McCann Worldgroup, MullenLowe Group и Marketing Specialists, најави промена на раководната позиција.
Досегашниот генерален извршен директор Мајкал Рот ќе се повлече од функцијата на крајот од годината, а на негово место ќе дојде Филип Краковски, досегашен извршен потпретседател и генерален оперативен директор.
Краковски, кој има поминато 18 години во Interpublic Group, беше фаворит за наследник на Рот уште со неговото назначување на позицијата генерален оперативен директор минатата година. Тој претходно ја вршеше функцијата генерален извршен директор на IPG Mediabrands.
Мајкал Рот, кој беше претседател и генерален извршен директор на Interpublic Group од 2004 година, а од 1 јануари 2021 ќе ја врши функцијата извршен претседател на бордот на директори.
„Филип е вистинскиот CEO за новата ера на IPG. Тој е генијален стратег и ефективен лидер кој има играно клучна улога во развојот на нашиот модел на „отворена архитектура“ за клиентски услуги, како и модернизацијата на нашите податоци, маркетинг услуги и медиски решенија. Нашето партнерство низ годините беше клучен фактор во нашиот долгорочен успех, како за клиентите, така и за нашите луѓе,“ истакнува Рот во соопштението со кое го најави својот наследник.