Pickbox NOW, хрватски SVoD сервис, стана член на здружението European VOD Coalition, заедно со водечките стриминг сервиси: Netflix, Discovery, Sky Media, CHILI, FilmDoo, Nordic Entertainment Group AB, Univerciné Belgium, TVN и ContentScope.
Со пристапувањето во коалицијата, Pickbox NOW ги претставува земјите од Адриа регионот во мисија за регулација на европскиот ТВ пазар. Покрај Хрватска, сервисот е присутен и во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Црна Гора, за кои ги преведува сите содржини на четири јазици од регионот.
Коалиција за регулација на европскиот VOD пазар
European VOD Coalition е асоцијација на водечки video-on-demand (VOD) компании, чија заедничка мисија е да ја информираат јавноста, носителите на одлуки и регулаторните органи за важноста и специфичностите на европскиот VOD сектор. Приоритет се дава на регулацијата на медиумскиот и аудиовизуелниот сектор и дефинирањето на авторските права во филмската и телевизиската продукција и дистрибуција.
Членовите на коалицијата имаат заеднички цели и принципи, вклучувајќи:
- Поддршка на Европскиот аудиовизуелен и стриминг сектор во креирањето на европски содржини и негова промоција на глобално ниво
- Поттикнување на иновациите при креирање на филмска и ТВ содржина
- Поттикнување ја креативноста и иновативноста во развојот на онлајн забавата
- Обезбедување на поширока содржина за крајниот потрошувач
По повод пристапувањето во коалицијата, Сања Божиќ-Љубичиќ, сопственик и директор на компанијата Pickbox, изјави:
„Горди сме што Pickbox NOW во друштво на водечките европски VOD услуги со кои делиме заеднички цели. Покрај градењето на европско аудиовизуелно и дигитално лидерство и поттикнување на иновациите и креативноста, регулативата на пазарот е секако еден од приоритетите. Индустријата претрпува голема трансформација и горди сме што го претставуваме Адриа регионот во рамките на Коалицијата“.
Соработка со најголемите телекомуникациски компании во регионот
Компанијата Pickbox во Хрватска прва ги популаризираше SVOD сервисите и во 2014 година ја запозна публиката со медиската трансформација што денес ја спроведуваат и предводат светски реномирани компании.
Приклучувањето кон коалицијата е уште едно значајно достигнување на овие услуги on-demand, кои низ годините остварија партнерство со најголемите телекомуникациски компании во регионот: United Group (SBB, Telemach Словенија, Telemach БиХ, Telemach Црна Гора, Total TV Србија, Total TV БиХ, Total TV Словенија, Total TV Црна Гора) Хрватски Телеком, mts (Телеком Србија, mtel БиХ, mtel Црна Гора), Македонски Телеком, Телеком Словенија и T2.
Pickbox NOW може да се гледа преку компјутер, Android и iOS паметни уреди, Android Smart телевизори или со користење на Chromecast.