(РЕГИОН) – Вториот најголем огласувач во Бугарија за првите 6 месеци од 2015 година, пиварата АД Каменица летово го организира питчот кој кај нашиот Источен сосед е оценет како “питч на годината“.
Тоа е секако разбирливо имајќи го во предвид податокот дека во првата половина од годината АД Каменица известирала преку 7 милиони евра во својот огласувачки настап.
Во нареднава седмица ќе се прават презентациите на агенциите со нивните предлог-стратегии за огласување. Во тендерот не се вклучени дигиталните комуникации и медиа планирањето, бидејќи за овие сегменти скоро беа избрани 2 агенции, Interactive Share за дигитално комуницирање и ZenithOptimedia за медиа.
Моментално за брендовите на АД Каменица : “Каменица“ , “Бургас“, “Астика“ и “Старопрамен“ (брендовите за кои ќе работи победникот) се грижи агенцијата New Moment New Ideas, која исто така е поканета меѓу 6-те поканети агенции за овој питч. Имињата на останатите поканети агенции, засега не се откиваат.
Каменица и Њу Момент се партнери почнувајќи од 2009 година, кога агенцијата го презеде бизнисот од Lowe Swing (адвертајзинг услуги) и Euro RSCG (ПР услуги).
Марија Александрова , маркетинг директорката на АД Каменцица во однос на поканетите агенции изјави дека “Станува збор за најголемите агенции на Бугарскиот пазар, оние кои можат да раководат со вака голем акаунт и имаат определено искуство во FMCG сегментот со забележителн и успешни претходно реализирани кампањи“ .