Пивото стана самоодржлив извор на донации за една хуманитарна организација чија цел е да го олесни животот на луѓето заболени од рак
Агенцијата Греј Полска се здружи со една локална пиварница во Полска со цел да создаде нов бренд на пиво, кој го претвориле во самоодржлив извор на донации за хуманитарната организација Rak’n’Roll која работи на подобрување на квалитетот на животот на пациентите заболени од рак.
Собирањето пари за добротворни цели е тешко и повремено, поради што организацијата Rak’n’Roll во 2017 година, забележала намалување на приходите за 20%. Поради тоа, Греј Полска создаде интересен начин да им помогне на нивната благородна мисија.
Направени се 1500 шишиња пиво, а од секое продадено шише, € 0,5 оди во организацијата. Останатите средства одат во подготовка на следната серија на пива. Покрај тоа, самото име на пивото е официјален добротворен број на организацијата.
Според изјавата на агенцијата Греј Полска, пред крајот на даночната година, тие веќе успеале да соберат 50% повеќе донации преку даночни форми отколку во 2017 година.