Иако сé уште не е ни средината на ноември, брендовите веќе „на големо“ почнуваат со своите божиќни кампањи. Еден од нив е пица-брендот Pizza Hut, кој во својата нова реклама целосно ја признава сопствената „вина“ за прераното божиќно славење, но ветува дека сето тоа ќе го направи „поиздржливо“.
Начинот како ќе го стори тоа? – Отпочнувајќи 55 денови на нова, вкусна, божиќна пица која ги обединува сите традиционални божиќни вкусови (за западната култура нормално), вклучувајќи пилешко месо, сланина, жалфија, кромид и сос со црвено вино.
Новата пица е пропратена со лансирањето на хумористична реклама во која главниот лик, или поточно сите ликови, ги толкува сега веќе препознатливото заштитно лице на брендот, Паркер Џ. Патерсон.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Iris и продукциската куќа Agile Films.