Home » Во фокусот » Плакати кои спасуваат животи

Плакати кои спасуваат животи

Знаете ли што е смртфон? Тоа е секој телефон на кој пишувате додека возите

Кој од нас барем еднаш не го има земено во рака мобилниот телефон зад воланот, само за “брзо да одговори на пораката”? Дали знаете дека сериозно ги загрозувате и сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот?

Истражувањата покажале дека речиси 91 проценти од возачите користат мобилен телефон додека возат и со тоа веројатноста за несреќа се зголемува и до 23 пати. Ова е една од најопасните работи кои можеме да ги направиме за време на возењето, затоа што дури и обичното одговарање на пораката одзема внимение за пет секунди, а во ситуација во која стотинка секунда може да значи разлика помеѓу животот и смртта.

Но очигледно сме станале толку зависни од телефонот што постојаната достапност стана императив на модерниот живот – од автомобилот одговараме на пораки, пишуваме меилови или го гугламе ресторанот во кој треба да одиме.

На овај проблем укажа и компанијата Outdoor akzent со помош на агенцијата Señor  која креираше кампања “Бидете смарт: кога пишувате, не возете“, со поддршка на Министерството за внатрешни работи. Плакатите низ Хрватска ги предупредуваат сите возачи дека пишувањето за време на возење нивните смартфони ги претвара во смртфони, вистинско оружје кое во момент на невнимание може да одземе нечиј живот.

“Outdoor плакатите на патотот се идеален медиум за оваа порака, бидејќи ги  предупредуваат возачите на опасност токму на места кое се опасни по живот – тука ефектот на ваквите реклами е најголем” – вели директорот на Outdoor akzent, Габриела Клариќ.

“Со едноставна интервенција во типографијата им покажеме на возачите каква опасност може да демне зад паметните телефони – гаџети, без кои не можеме да го замислиме секојдневниот живот, а во возење може да не чини живот. Сакаме вакви минималистички идеи кои впечатливо и силно пренесуваат порака без многу приказни “- изјави Вања Блуменштајн, креативен директор на Señor.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365