Анонимен уличен уметник за своја мета во Лондон овие денови го избра Фејсбук и нивните плакати кои се наоѓаат на станиците на градскиот превоз
Фејсбук е во голема глобална кампања со која сака да се дистанцира од скандалите кои го потресуваат светот во врска со лажните вести, протекувње на личните податоци и мешање во изборите.
Порката која ја испраќа Фејсбук напишана на плакатите гласи: “Fake News is not our friend“ (Лажните вести не се наш пријател), а во Лондон на секој плакат е додадено “… но се одличен извор на приходи”.
Како што пишуваат светските медиуми, протестот е дело на анонимен уличен уметник по име Protest Stencil, кои сликите со “корегираните” постери ги споделува на социјалните мрежи.
Исто така, на пораката “Злоупотребата на податоци не е наш пријател”, Protest Stencil додава “… но тоа е нашиот бизнис модел”.