Американскиот стриминг-сервисот Paramount+ се проширува на повеќе светски пазари и почнува со работа во Обединетото Кралство од денес, 22 јуни. По тој повод, компанијата лансираше нова кампања насловена “A Mountain of Entertainment” („Планина од забава“), алудирајќи на своето лого.
Во телевизискиот спот на кампањата го гледаме фантастичниот прв ден на нов работник во студиото на Paramount+, кој има задача да им разнесува кафе на филмските ѕвезди таму.
Работникот е пречекан од американската актерка Ума Турман која го воведува во студиото, а со помош на англискиот комичар Џек Вајтхол и неговото теренски возило, тие разнесуваат кафе низ сите фантастични места од кои е составен светот на Paramount+.
Всушност, кампањата има за цел да ја претстави големината и разноликоста на понудата на Paramount+, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во голем број на серии и долгометрачни филмови – од научна фантастика, до авантура, хорор и комедија – по нешто за сечиј вкус!
Покрај телевизискиот спот кој ќе се емитува на повеќе британски телевизии, кампањата се состои и од голем број на билборди, активности на социјалните мрежи, но и принт реклами во весници и магазини.
За рализација на кампањата, Paramount+ соработува со креативната агенција New Commercial Arts, агенцијата за социјални медиуми Glass Eye, агенцијата за инфлуенсер маркетинг New Stance, агенцијата за односи со јавноста Premier PR и медиската агенција Wavemaker.