Home » Во фокусот » “Плати кафе со повик“ – донаторска акција во Хрватска

“Плати кафе со повик“ – донаторска акција во Хрватска

За несреќните случувања со поплавите во соседните земји Србија, Хрватска и БиХ , за жал, веќе сите добро знаете. Многу земји и поединци од Европа и светот во рамки на своите можности и желби се обидоа да помогнат преку донирање на финансиски средства и останати потребни материјални работи за погодените од несреќата. Особено сме горди што и Македонија е една од земјите кои најмногу се ангажираа и мобилизираа да помогнат на различни начини.

Во таа насока, доколку сте во можност, можете и Вие да се приклучите во акцијата и да помогнете на некој начин. Можете тоа да го направите и веднаш додека го читате ова со повик на телефонскиот број 143 400 како би донирале симболична сума во фондот за помош.

Во Хрватска, која за жал, исто така е една од земјите каде голема површина беше зафатена со поплава се организираше донаторска акција во повеќе кафулиња (#‎platikavupozivom) каде на гостите им беше понудено своето кафе да си го платат со телефонски повик на бројот (060 90 11) за донација.

Rijeka, 21.05.2014 - Kafic King's caffe kava se moze platiti pozivom na humanitarni telefon za pomoc poplavljenima

За голема пофалба е што во акцијата се вклучија повеќе угостители и сопственици на кафулиња, ресторани и други угостителски објекти и на еден ефективен начин помогнаа во собирањето на средства за помош на настраданите.

Браво за акцијата !

plati kafe

plati kafe so povik

pomozimo slavonij

а некои понудија и пиво…

plati pivo so povik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365