Таа старата реченица дека ‘Плајбој го читам заради текстовите’ многу скоро може да стане многу полегитимна. Playboy како што веруваме прочитавте вчера, соопшти дека, почнувајќи од март 2016, нема повеќе да става скроз-голи слики во магазинот. Промената се препишува на порастот на интернет порнографијата – покрај неа, на кој навистина му требаат магазини за да гледаат слики од голи жени во ова време? Тука постои уште еден важен фактор: помалку голи слики може да значат поголем приход од реклами.
Од овој по-безбеден-за-работа пристап сигурно имаше придобивка сајтот Playboy.com, кој ја помина својата без голотија “преработка“ во август 2014, префрлувајќи го фокусот кон по Фејсбук-пријателски содржини. Од тогаш, просечниот број на месечни посетители на веб-страната се зголемил за 400%, а просечната возраст на посетителите се намалила од 47 на 30 години. Сајтот успеа да привлече и огласувачи како Stoli Vodka, Hornitos Tequila и The Weinstein Company.
Со поведувањето на слични промени во магазинот – меѓу нив и поквалитетна хартија, поголема застапеност на уметнички содржини и содржини за пијалоци, Playboy може да се надева на натпревар со магазините за мажи како GQ и Esquire за придобивање на големи брендови од модата, автомобилизмот и алкохолните пијалоци.
‘Без голотија’ потегот може да помогне и во подобрувањето на имиџот на Playboy кај брендовите кои се стремат да бидат поконзервативни.
Дали огласувачите навистина ќе го прифатат наовиот Playboy останува да се види. Но, дури и брендовите да ‘загризат’, магазинот се’ уште ќе треба да ја придобие својата таргетирана милениумска публика. “Читателите и приходот се двата најважни фактори за успех”, истакна Робин Стајнберг, EVP, Publishing и Digital директор во MediaVest.
Земете го, на пример, поранешниот магазин за жени Maxim, кој беше преработен во обид да се репозиционира себе си како дестинација за урбани мажи со стил. Од тогаш, модните реклами во магазинот се зголемиле, но тиражот стагнира или се намалува: Според Alliance for Audited Media, малопродажбата на магазинот се намалила за 36% во првата половина од 2015 година.