Американската раперка, претприемачка и активистка Карди Би е назначена за прв резиденцијален креативен директор на Playboy.
Карди Би ќе има задача да нуди креативни решенија и насоки на развој за брендот, преку мода, производи за сексуално здравје, дигитални содржини и многу повеќе. Производите создадена како резултат на соработката помеѓу Playboy и Карди Би ќе имаат за цел да го прошират брендот и неговата заедница.
Истовремено, таа ќе биде со-основач и креативен директор на новата дигитална платформа CENTERFOLD, во издаваштво на Playboy. Платформата е замислена како место за „нецензурирана креативност“ и директен конкурент на OnlyFans.
Карди Би изјави дека сака креативците да се чувстуваат безбедно во изразувањето на себе си, слободно и без филтер. Таа ги повика сите луѓе кои прават „храбри и револуционерни нешта кои навистина ја менуваат културата“ да земат учество во нејзиниот потфат.
„Карди Би е креативен гениј и ние сме апсолутно воодушевени и почестени да го донесеме нејзиниот огромен талент и креативна визија во Playboy. Преку нејзината непоколебливост во слободното изразување, нејзината посветеност во подигнувањето на уметничките гласови и нејзиното славење на сексот и позитивноста на телото, Карди е олицетворение на брендот Playboy“ – посочи Бен Кон, главен извршен директор на PLBY Group.