Home » Во фокусот » Победници на Croatia Effie 2016 наградите

Победници на Croatia Effie 2016 наградите

(РЕГИОН) – На централниот хрватски национален фестивал за огласување Денови на комуникацијата одржан во Ровињ минатата недела, беа доделени престижните Croatia Effie награди за најефективните рекламни кампањи, за кои оваа година конкурираа вкупно 36 кампањи. Grand Prix и златна награда освоија Zagrebačka pivovara, примарната агенција BBDO Zagreb и медиската агенција Universal McCann за кампањата “Dijalekti”.

Добитници на Grand Prix и златна награда на Croatia Effie 2016

Добитници на Grand Prix и златна награда на Croatia Effie 2016

Со сребро беа наградени кампањите “Erste gotovinski krediti online” на Erste Banka, со примарни агенции Grey Worldwide Zagreb и Utorak, Biro za propagandu и медиска агенција  MediaCom Central Europe Zagreb и кампањата Nevjernici” на Хрватски Телеком, со примарна агенција McCann Zagreb и медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb.

Кампањите кои оваа година освоија бронза се Simpa kokice – Prži kako hoćeš!” на Хрватски Телеком, примарна агенција BBDO Zagreb и медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb, потоа кампањата “Komšija” на огласувачок AutoZubak, примарни агенции Bruketa&Žinić OM и Brandoctor и медиска агенција Pro media group и кампањата “mHepi” на огласувачот HEP, примарни агенции McCann Zagreb и Fahrenheit и медиска агенција Real Grupa.

Сите наградени на Croatia Effie 2016

Сите наградени на Croatia Effie 2016

Најуспешна агенција на овогодишното Effie натпреварување по освоени награди е BBDO Zagreb со освоен Grand Prix, едно злато и едно сребро, по што следи агенцијата McCann Zagreb со едно сребро и една бронза.

За победниците на натпреварувањето Croatia Effie 2016 и најефективни маркетиншки кампањи одлучуваше стручно жири составено од најискусните маркетиншки експерти во Хрватска – претставници на огласувачите, креативни и медиски агенции, медиумски куќи и агенции за истражување на пазарот на чело со Кристијан Грегориќ од Franck.

Хрватското издание на Effie наградите е во организација на HURA (Hrvatsko udruženje društava za tržišno komuniciranje) по светска лиценца на Effie Worldwide организацијата. Effie наградите се додалуваат од 1968 година на светско и европско ниво (Global Effie и Euro Effie), и на национални натпреаварувања во преку 40 години земји ширум светот, на кои во 2009 година им се придружи и Хрватска. Со повеќе од 40 години постоење, Effie наградите се меѓународен симбол на маркетиншката ефективност.

Во продолжение следува листата на сите наградени кампањи:

Grand Prix Effie награда:

  • “Dijalekti”, Zagrebačka pivovara, примарна агенција BBDO Zagreb, медиска агенција Universal McCann, друга агенција – Degordian

Златна Effie награда:

  • “Dijalekti”, Zagrebačka pivovara, примарна агенција BBDO Zagreb, медиска агенција Universal McCann, друга агенција – Degordian

Сребрени Effie награди:

  • “Erste gotovinski krediti online” Erste banke, примарна агенција Grey Worldwide Zagreb и Utorak, Biro za propagandu, медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb
  • “Nevjernici”, Hrvatski telekom, примарна агенција McCann Zagreb, медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb

Бронзени Effie награди:

  • “Simpa kokice – Prži kako hoćeš!”, Hrvatski Telekom, примарна агенција BBDO Zagreb, медиска агенција MediaCom Central Europe Zagreb,
  • “Komšija”, AutoZubak, примарни агенции Bruketa&Žinić OM и Brandoctor, медиска агенција Pro media group
  • “mHepi”, HEP, примарни агенции McCann Zagreb и Fahrenheit, медиска агенција Real Grupa, друга агенција – Centralna jedinica

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365