Во неделата на 29-ти март од Коронавирус COVID-19 почина Јоханес Невркла (Johannes Newrkla), еден од најпрепознатливите ликови во адвертајзинг заедницата, член на Холот на славните на Голден Драм.
Јоханес беше еден од основачите на Art Directors Club-от на Европа, раководител и ко-сопственик на Merlicek & Partner и CEO на Bluetango, адвертајзинг агенција од Виена која ја стартуваше после неговите студии по архитектура и маркетинг.
Осум години беше претседател на ADC*E. Јоханес има добиено бројни национални и интернационални награди и беше член на повеќе интернационални жири комисии како што се ADC*E awards, The Cup (Intercontinental Advertising Cup), Golden Drum, CCA-Austria, Die Klappe (Germany) и многу други.