Home » Во фокусот » Почнува Baselworld 2019 – што сѐ има ново од Rolex, Hublot, Tudor, Breitling, Tag Heuer, Zenith…

Почнува Baselworld 2019 – што сѐ има ново од Rolex, Hublot, Tudor, Breitling, Tag Heuer, Zenith…

Заедно со пролетта започнува и новото издание на најголемиот светски собир на часовничарски ентузијасти – Baselworld, кој се одржува од 21-26 март во Базел, Швајцарија.

Раскошните штандови го исполнуваат просторот на изложбениот центар во Базил, презентирајќи ги најдобрите иновации кои ги нудат гигантите на часовничарската индустрија, вклучувајќи ги Rolex, Tag Heuer, Hublot, Tudor и многу други.

Во продолжение ги претставуваме дел од часовниците кои предизвикуваат најголемо внимание од посетителите на стартот од саемот.

NOMOS GLASHÜTTE 

Оваа година на Baselworld, Nomos Glashütte презентираше колекција на спортски часовници. Новите Tangente Sport neomatik и Club Sport neomatik се големи (42 милиметри во дијаметар), робустни и отпорни на вода до 300 метри. Во челичното куќиште е сместен автоматскиот механизам DUW 6101.

Nomos Glashutte Tangente Sport neomatik

Германскиот бренд објави и сет на нови, финансиски подостапни часовници наменети за помали зглобови, наречени „Duo“. Овие 33-милиметарски часовници се едноставни, елеганти и претставуваат идеални подароци.

HUBLOT

Новитетите претставени од Hublot на Baselworld 2019 се главно фокусирани околу партнерството кое брендот го има со Ferrari, до толку што во центарот на нивниот штанд има и автомобил.

Scuderia Ferrati прославува 90 години од своето основање во 1929 година, а Hublot ќе го одбележи поводот со часовникот Big Bang Scuderia Ferrari 90th Anniversary. Моделот ја рефлектира богатата историја и наследство на Scuderia Ferrari и го илустрира развојот на материјалите употребувани во производството на тркачките автомобили низ годините.

За одбележување е и моделот Classic Fusion Ferrari GT, дел од колекцијата Classic Fusion, кој влечи инспирација од тркачката видео-игра “Gran Turismo”. Часовникот има екстремно иновативен дизајн кој го интегрира рачно работениот механизам UNICO во куќиште со динамични линии кои потсетуваат на аеродинамичниот изглед на тркачките автомобили на Ferrari.

Меѓутоа, часовникот на Hublot кој привлекува најмногу внимание на Baselworld 2019 е Classic Fusion Orlinski. Се работи за уште еден додаток кон колекцијата Classic Fusion, со естетски потпис на уметникот Ричард Орлински. Куќиштето и дисплејот на часовникот претставуваат игра на светлина и сенки, а 40-милиметарското куќиште е достапно во титаниум или злато, трансформирајќи го овој часовник и во своевидно уметничко парче накит.

Hublot Classic Fusion Orlinski

ZENITH

Zenith го претстави ултра-прецизниот часовник Defy Inventor, во кој традиционалниот пружински баланс е заменет со иновативниот Zenith Oscillator. Куќиштето е направено од лесен титаниум и Аеронит (композитен алуминиум-полимер). Ремчето е од црна гума со темно син слој на алигаторска кожа.

Zenith Defy Inventor

Zenith исто така ги презентираше и Defy El Primero 21, направен од јаглеродни влакна, и 1969 El Primero chronograph, кој доаѓа во три варијанти на бело, розово и жолто злато.

ROLEX

Rolex претстави многу нови и ажурирани модели на Baselworld 2019, меѓу кои за издвојување се GMT Master II Black and Blue, Datejust 36, Yacht-Master 42 и Sea-Dweller Rolesor.

GMT Master II Black and Blue е веројатно најинтересниот модел претставен од Rolex на овој Baselworld. Имено, минатата година го видовме црвено-синиот „Пепси“ GMT-Master, додека пак оваа година го добивме црно-синиот „Бетмен“, кој го има истиот механизам 3285.

GMT Master II Black and Blue Batman

Новите додатоци кон колекциите Yacht-Master и Sea-Dweller претставуваат верзии изработени од 18-каратно злато.

TAG HEUER

TAG Heur претстави нова, модернизирана верзија на класичната колекција Autavia од 1960-те, со модели кои ја задржуваат цврстината карактеристична за нивните претходници.

Часовниците имаат 42-милиметарско ретро куќиште од нерѓосувачки челик и двонасочно ротирачки прстен со 60-минутен бројчаник изработен од керамика или челик кој го акцентира спортскиот изглед на часовникот.

Tag Heuer Autavia 2019

TAG Heuer претстави и нов паметен часовник, Connected Modular 45 “Golf Edition”, дизајниран специфично за љубителите и играчите на голф. Часовникот е поврзан со апликацијата TAG Heuer Golf која им овозможува на играчите да го извлечат максимумот од своите партии голф без разлика на каков терен играат.

TUDOR

Tudor привлекува големо внимание оваа година на Baselworld. По минатогодишниот успех со моделот Black Bay GMT, брендот мораше да се појави со нешто навистина добро и еве го Black Bay P01 – часовник базиран врз прототип развиен кон крајот на 1960-те за потребите на американската морнарица.

Моделот Black Bay P01 (P01 значи Прототип 1) има 42-милиметарско куќиште од челик со мат-црн дисплеј и луминисцентен бројчаник. Внатре во куќиштето се наоѓа рачно изработениот механизам Calibre MT5612, кој има резервна енергија до 70 часа. Часовниот е водоотпорен до 200 метри.

Tudor Black Bay P01

BREITLING

Меѓу новитетите презентирани од Breitling оваа година се моделите Aviator Curtiss Warhawk Editions, Navitimer 1 Airline Editions, Breitling Premier B01 Chronograph 42 Norton Edition, како и новите колекции Navitimer 41 и Superocean.

За истакнување е моделот Breitling Premier B01 Chronograph 42 Norton Edition, создаден во партнерство со британскиот бренд за мотори Norton. Часовникот има прекрасен „винтиџ“ иглед, во кој за истакнување се суптилните златни тонови на бројките и стрелките. Задната страна на часовникот е транспарентна, под кој се гледа рачно работениот механизам Breitling Caliber 01 и изгравираното лого на Norton.

Breitling Premier B01 Chronograph 42 Norton Edition

PATEK PHILIPPE

Patek Philippe претстави повеќе нови модели на Baselworld 2019, но оној кој најмногу се истакнува е новата верзија на Annual Calendar Regulator 5235G.

Првиот модел од оваа серија беше претставен во 2011 година и вклучуваше многу новитети за брендот, како технолошки напредниот механизам 31-260 REG QA.

Оваа година, Patek Philippe претстави нова верзија на овој часовник со куќиште од розово злато и црн дисплеј во два тона, кои на часовникот му даваат прекрасен уметнички изглед.

Patek Philippe Annual Calendar Regulator 5235G

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365