BalCannes продолжува да биде со агенциите и со регионалната комуникациска индустрија и во посебни околности – пријавите се во голема мера поедноставени и бесплатни за сите, со надоместок за само 25-те најдобри проекти на BalCannes
Повторно се нуди единствена можност да ја презентирате својата работа пред клиентите од целиот регион: пријавите за BalCannes се отворени до 4 септември 2020 година!
Пријавите се значително поедноставени – доволно е да се пополни само едноставен образец и со него да се приложи кратко видео (на мајчин или англиски јазик, со или без превод ) кое е користено за проектот. Сите можат да аплицираат бесплатно – со надоместок за учество само за 25-те избрани најквалитетни регионални проекти.
Оваа година, трите жири комисии на BalCannes – претставници на клиентите, агенциите и медиумите – ќе ги изберат добитниците на деветте лавови кои ги покорија законите на комуникациската џунгла и со тоа ќе се стекнат со признание во следниве категории: Најдобра агенција, Најдобар проект, Посебна награда од жири-комисијата на клиенти, Посебна награда од жири-комисијата на агенции, Посебна награда од жири-комисијата од новинари, Најдобар проект за странски пазар, Најдобар регионален проект, Награда за храброст на клиентот и награда New normal – извонредна награда во извонредни околности!
Мали проекти или големи кампањи; домашни проекти, но и оние за странски пазари, пред короната или во новата нормалност – сè додека се реализирани од 1 мај 2019 до 4 септември 2020 година – можете да ги пријавите на BalCannes и да се претставите пред клиентите од дури 8 земји и да го раширите добриот глас за својата агенција.
Најдобрата покана за овогодишниот Викенд Медиа Фестивал е фактот што од година во година во Ровињ се зголемува бројот на клиенти кои доаѓаат на фестивалот. Затоа, бидете дел од овој медиумски фестивал и понесете само добра волја – тоа е сè што Викенд Медаиа фестивал бара од вас. Во случај на вонредни околности, ревијата BalCannes, која оваа година е поддржана и од Хрватската стопанска комора, ќе се одржи онлајн, во веќе потврдени фантастични услови – каде што од своите домови ќе може да ја следи целиот регион!
За сите информации, посетете ја страницата www.balcannes.com.
И побрзајте, се ближи моментот на одлука.