Иднината не се случува туку така – таа се гради сега. Оваа година, Божиќната кампања на УНИЦЕФ го поттикнува создавањето на подобра иднина за децата, затоа што и најмалата помош може да го промени текот на нечиј живот.
Во спотот насловен “Gifts of tomorrow are given today” („Подароците за утре се даваат денес“) сме сведоци на несреќната судбина на едно дете и неговата фамилија, чиј Божиќ е буквално уништен под авионски бомби. Во целиот метеж, момчето го губи плишаното мече кое го добило како Божиќен подарок од своите родители. Евентуално, детето е извлечено од опасната зона и сместено во бегалски камп, каде еден припадник на УНИЦЕФ му го враќа неговото мече.
Години подоцна, момчете станало возрасен доктор кој им помага на децата, а во последната сцена гледаме како своето некогашно мече, сега го подарува на некое девојче.
Божиќната кампања на УНИЦЕФ нé потсетува дека помагањето на децата има далекусежни ефекти, а каква ќе биде нивната иднина е одговорност на нас возрасните. Она што им го оставаме на децата во наследство денес, ќе ја одреди иднината – нивна и на целиот свет.
Кампањата е создадена со помош на финската креативна агенција SEK.