На вчерашната седница Владата ја усвои Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година, која оваа година е во висина од 30.000.000 денари.
Програмата е за поддршка на печатењето и дистрибуцијата на печатените медиуми во знак на поддршка на плурализмот во сферата на медиумите.