Познатите фудбалски икони Лионел Меси, Пол Погба, Џејдон Санчо и Шанис ван де Санден се ѕвездите во новата надреална кампања на безалкохолниот бренд Pepsi Max по повод натпреварите на еврпската Лига на Шампиони.
Рекламата насловена „Fizz to Life“ започнува со сцена во која една студентка работи во својата соба и притоа отвора лименка Pepsi Max. Звукот на лименката ги предизвикува фудбалерите од постерите кои ги красат ѕидовите на нејзината соба да оживеат и надреално да започнат да играат фудбал.
Евентуално, играта се префрла на нејзиниот лап топ, а рекламата завршува така што Меси ја краде нејзината лименка Pepsi Max и бега од рамките на постерот.
Рекламата е пропратена со песната Rotate на изведувачите Becky G и Burna Boy.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција AMV BBDO и продукциската куќа Somesuch.