Amazon Music и WPP ја претставија „Louder Than Cancer“ („Погласни од ракот“), револуционерна музичка иницијатива по повод Светскиот ден за борба против ракот. Иницијативата обединува врвни светски изведувачи кои преку моќта на музиката ќе ја подигнуваат јавната свест, нудејќи инспиративен симбол на надеж и напредок во борбата против ракот.
Кампањата вклучува посебна музичка плејлиста на Amazon Music, која содржи разновидна постава на етаблирани и нови уметници, вклучувајќи ги Мелиса Етериџ, Imagine Dragons, H.E.R. и Блејк Шелтон.
Секоја песна на плејлистата е испреплетена со моќни лични приказни на изведувачите, како и самиот звук на уништување на клетките на ракот – кој првпат беше претставен во минатогодишната влијателна кампања „Најубавиот звук“.
Притоа, за секое преслушување на песните во плејлистата, Amazon Music ќе донира по еден долар (до 100.000 долари) на фондацијата Conquer Cancer на ASCO за борба против ракот.
Исто така ќе биде лансирана облека со специјални дизајни кои комбинираат слики на уништени клетка на рак со динамичен звучен бран, симболизирајќи ја борбата против болеста со музиката како универзален јазик. Фановите ќе можат да го приспособат секое парче роба, менувајќи го звучниот бран во реално време со зборување преку специјална алатка.