Тоа е звукот што многу луѓе копнеат да го слушнат – клетките на ракот што се уништуваат. Со оглед на тоа што секој трет човек се соочува со оваа болест, агенцијата Gray Health & Wellness при групацијата WPP сакаше да им помогне на луѓето подобро да разберат како функционира нивниот третман.
Со цел остварување на проектот “The Most Beautiful Sound” („Најубавиот звук“), тимот на агенцијата соработувал со медицински истражувачи од Медицинскиот факултет при Харвард и Општата болница на Масачусетс, како и Американското здружение за клиничка онкологија, со цел да го изолираат звукот на клетките на ракот на дојката и белите дробови во точниот момент на клеточна смрт.
„Како и сите клетки, постои посебно движење и вибрации во клетките на ракот. Она што е навистина возбудливо за оваа идеја е способноста да се даде вистинска перспектива на нешто невидливо – што може да биде навистина моќно за пациентите додека минуваат низ нивната борба против ракот“ – објаснува д-р Конор Еванс, вонреден професор на Медицинскиот факултет за фотомедицина при Универзитетот Харвард и Општата болница на Масачусетс.
„Понекогаш е тешко за пациентите да ги визуелизираат опипливите пресвртници или напредокот во борбата против ракот. Сакавме пациентите да искусат колку влијателен може да биде нивниот третман, а овој креативен пристап, заснован на истражување, е револуционерен во неговата способност да помогне да се инспирираат и мотивираат пациентите, преживеаните од рак и старателите“ – истакнува Венди Лунд, генерална директорка за клиенти во секторот Здравство при WPP.
Повеќе информации за проектот се достапни на специјалицирана веб-страница на следниот линк.