Рекламата е снимена во Белград во продукција Победа филм, трае дури седум минути и е направена со техника на црно-бели подвижни слики.
Првата југословенска реклама снимена е рекламата за Каладонт во далечната 1926 година во периодот на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци.
Рекламата е снимена во Белград во продукција Победа филм, трае дури седум минути и е направена со техника на црно-бели подвижни слики.
Рекламата има приказна, која е многу предвидлива и денес би се вклопила во реклама од 5 секунди, но во тоа време била револуционерна. Во тоа време, реклами како оваа се прикажувале во кината. Немало телевизија, а кината служеле како средство за информирање со најновите случувања во земјата и светот, нови производи и актуелните случувања воопшто.
Таквите реклами биле многу популарни во тоа време, особено после 1927 година, кога почнаа да се прикажуваат звучни филмови.
Брендот Каладонт имаше такво влијание врз свеста на луѓето и владееше на пазарот толку многу што каладонт беше синоним за паста за заби. Дури и денес, поимот „каладонт“ се користи наместо поимот „паста за заби“ кај повозрасната популација.