По повод Денот на неазвисноста на Соединетите Американски Држави, компанијата Sky Elements Drone Shows приреди неверојатно „лајт шоу“ со дронови на небото над градот Далас во сојузната држава Тексас.
Шоуто со дронови беше едно 40-те што беа приредени за време на празникот, но она што го издвојува од останатите е фактот што постави нов Гинисов рекорд за „најголемата воздушна секвенца формирана од беспилотни летала со повеќе ротори“.
Имено, за перформансот биле искористени вкупно 1,002 дронови со LED светилки кои во текот на 10 минути приредиле неверојатни кореографски движења, формирајќи повеќе иконични слики поврзани со културата на државата како што се првиот човечки чекор на Месечината, орел кој го носи американското знаме, па дури и трио од борбени авиони.
Погледнете го извонредниот перформанс во приложеното видео: