Tешко дека Hyundai можеше да избере подобар начин да го најави лансирањето на својот бренд на луксузни автомобили Genesis на кинескиот пазар.
Кон крајот на минатиот месец Hyundai го лансираше својот бренд на луксузни возила Genesis на кинескиот пазар, а по тој повод, јужнокорејската компанија направи вистински спектакл на небото и воедно постави нов Гинисов рекорд.
Во Азија брендот Genesis е добро познат бренд кој им конкурира на компании како Mercedes, BMW, Audi, Lexus и слични врвни модели. На кинескиот пазар се најавени два модели – G80 и GV 80 SUV, кои наскоро треба да бидат пуштени во продажба, а најавено е и отворање на луксузен продажан салон во Шангај.
Токму во овој град, се одржа настан кој официјално го најави пристигнувањето на Genesis на кинескиот пазар, а во кој главната улога ја играа дронови. Како што можеме да видиме на видеото, со формирање на различни формации на дронови на небото се осветли името на брендот и логото на Genesis, па дури и 3Д приказите на двата модели кои ќе се појават во продажба. Во небесниот спектакл биле искористени речиси 3.300 дронови, со што Hyundai го собори го Гинисовиот рекорд за бројот на беспилотни летала што се користат симултано.
Претходниот рекорд го држеше компанијата Shenzhen Damoda Intelligent Control Technology, која користеше нешто повеќе од 3.000 дронови за време на небесните демонстрации минатиот септември. Исто така, еден од претходните рекорди го држеше Intel, кој со дронови ги формираше олимписките кругови за Олимписките игри во 2018 година.