На интернет се појави реклама од најпознатиот југословенски бренд на автомобили во светот, а во неа југото е претставено како возило со многу позитивни карактеристики и квалитет.
Иако денес важи за нешто сосема друго, овој автомобил остави трага во историјата на возилата.
Во документарецот “Хјустон, имаме проблем” има промотивно видео во кое “Југото” е претставено како автомобил подготвен за американскиот пазар.
Југо” е пред се` икона од тоа време, а кон крајот на осумдесеттите години се продаваше и на американскиот пазар, каде што стекна голема популарност со своите димензии и ниските цени. Југото се појавува и во голем број холивудски филмови.
За некои, ова видео е духовито, но со оглед на времето кога е направено, тоа секако претставува значаен дел од историјата.
Погледнете како “Југо” се снаоѓа на различен терен и во различни временски услови: