Home » Во фокусот » Погледнете ја новата кампања на Јана “Длабоко над сите“

Погледнете ја новата кампања на Јана “Длабоко над сите“

Новата кампања на водата Јана е пример за долгорочна комуникациска платформа

“Ништо во животот не паѓа од небо”, вели Вернеса Смолчиќ, астрофизичарка позната и надвор од круговите на хрватската наука, а трудот и работата на себе секогаш се исплатува повеќекратно. Вернеса и нејзината визија за животот се тема во новата кампања на водата Јана која се заснова на комуникациската платформа “Длабоко над сите”.

Комуникациска платформа “Длабоко над сите” ги поврзува врвните атрибути на водата Јана, нејзината чистота и квалитет, кои доаѓаат од 800 метри длабочина, со поединци во нашето опкружување кои, исто така, достигнале кулминација во она што го прават, а инспирација и мотивација наоѓаат длабоко во себе.

Лицето од минатогодишната кампања Горан Чолак, светски шампион во нуркање, покажа што значи да се нурне длабоко во себе и да ги надмине личните граници. Новата кампања на Јана повторно ја нагласува моќта на умот и посветеноста на нематеријалните работи. Кампањата покажува дека нашата вера во сопствените способности нè води кон она што го сакаме и чувствуваме.

Кампањата прикажува видео изработено на повеќе микро локации во областа на Горски Котар и ја илустрира Јана како најквалитетна, целосно недопрена и исклучителни кристално чиста вода со уникатен минерален состав. Кампањата и овај пат ја потпишува Saatchi & Saatchi Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365