Home » Во фокусот » Погледнете ја новата забавна реклама на Apple која го промовира новиот iPad за ученици

Погледнете ја новата забавна реклама на Apple која го промовира новиот iPad за ученици

Apple го лансираше својот нов iPad за ученици, а со новиот производ стигна и нова реклама која овој пат го слави учењето и тоа го прави навистина на забавен начин.

Рекламата која е во режија на Марк Молој, ја следи групата на навидум незаинтересирани деца, кои добиваат посебна домашна задача да направат презентација за гравитацијата. Во овие деца, кои на почетокот изгледаат дека се досадуваат, одеднаш се буди креативноста, создавајќи разни видови експерименти за гравитација, сите со помош на опциите кои им ги нуди нивниот нов iPad уред.

Во музичката подлога на спотот е рециталот “Homework! Oh homework!” на Џек Прелутски, така што овај спот добива дополнителна нота на хумор што навистина го издвојува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365