Во текот на вчерашниот ден и официјално беше промовирана новата ТВ реклама на водечкиот телекомуникациски оператор во земјава ВИП, во склоп на кампањата “Интерактивна телевизија бесплатно со Vip Комбо“ и лансирањето на новата услуга која предвидува можност корисниците да ја враќаат ТВ програмата наназад 7 дена, и тоа овозможено на дури 50 ТВ канали (повеќе за услугата тука).
Ова е прва ТВ реклама за ВИП изработена од агенцијата Меккен Скопје која пред неколку недели го презеде и креативниот и продукциски дел за овој акаунт од агенцијата Футура 2/2 која долги години беше задолжена за изработка на креативните содржини за операторот.
“Кога агенцијата и клиентот имаат одлична хемија, заедно прават големи нешта. Ние не притискаме пауза, продолжуваме понатаму!“ – се вели во најавата од Меккен при промоцијата на првата реклама за ВИП која можете да ја погледнете во продолжение: