Париз не е само местото каде што се одвива оваа љубовна приказна, тој е дел од неа
BETC Luxe, глобалната агенција за сите мириси на Yves Saint Laurent Beauté и агенцијата General POP, го лансираа своето прво заедничко видео за познатиот парфем на овој бренд, Mon Paris.
Во ова ново поглавје на приказната, која на прв поглед интерпретира една љубовна приказна, францускиот главен град не е само место кеде што таа се одвива, туку е дел од неа. Страстните љубовници нè водат на возбудливо патување низ прекрасниот Париз, од легендарниот клуб Бенс Душ, до прекрасниот крај на врвот на Триумфалната порта.
Оваа реклама е во режија на Рики Саиз, познат како кодизајнер на брендот Supreme и режисер на спотот „Yoncé“ на Бијонсе. Саундтракот за рекламата е “L’Amour et la Violence“ на Себастијан Телиер, кој ја поставува атмосферата во оваа љубовна приказна.
https://www.youtube.com/watch?v=bOSiXwZcXbU
“Отсекогаш сме се обиделе да ги поместиме границите во нашата соработка со Yves Saint Laurent Beauté, развивајќи возбудлива креативност и силно присуство на нивните мириси во светот. Напредувајќи со секој нов дел од комуникацијата, настојуваме да донесеме поголема храброст и да се обидеме да го редефинираме луксузот, исто како и Mon Paris. Бидејќи Париз е центарот на приказната, беше исклучително важно да се избере режисер кој е способен да му даде нов поглед на овој култен град. Затоа го избравме Рики Саиз, заради неговата единствена визија за Париз и за приказната. Тоа е она што на спотот му даде вистинска пресвртница, љубопитни емоции, интересен поглед на улиците, одлични вибрации. Се`заедно со совршениот саундтрак на Себастиен Телиер, за да биде уште поемоционално и епски “, вели Јасмин Лињон, извршен креативен директор на BETC Luxe.