Пет полицајци од Тексас, САД, ја тужат компанијата за електрични автомобили Tesla поради „лажен адвертајзинг“.
Тужбата произлегува од настан на 27 февруари, во кој две полициски возила застанале покрај патот во предградие на Хјустон за да прават проверка на трето возило, при што автомобил на Tesla кој возел на авто-пилот удрил во полициските коли и ги повредил полицајците.
Полицајците во својата тужба против компанијата го наведуваат нејзиниот адвератјзинг кој тврдел дека „системот за само-возење бил подобар од човек позади воланот“.
Tesla се одлучи да ја понуди бета верзијата на нивниот систем за „целосно само-возење“ (“Full Self-Driving”) на сопствениците на автомобили кои ќе го побараат тоа и покрај претходноизнесената јавна загриженост за безбедноста на таквиот систем.
Адвокатот на полицајците, Тони Базби, изјавил за локална телевизија дека адвертајзингот на брендот во однос на безбедносните капацитети на системот за автономно возење „оставаат погрешен впечаток“ кај потрошувачите. Тој обвини дека системот на Tesla не успеал да препознае или детектира „барем четири возила, шест луѓе и германски овчар кои биле застанати на коловозот“.
Полицајците кои ја поднеле тужбата се надеваат на одговорност од компанијата и дека „ќе ја натераат Tesla јавно да ги признае и веднаш да ги исправи познатите дефекти својствени за нејзиниот автопилот и системот за избегнување судири“.
Тужба била поднесена и против еден локален ресторан, под обвинение дека послужиле алкохол на возачот на автомобилот Tesla вклучен во судирот.