„Португалија. Создадена од различности. Создадена од љубов“ ова е мотото на една нова адвертајзинг кампања која има за цел да ги соочи Португалците со нивните предрасуди и начинот како тие гледаат на луѓето од други земји кои живеат во Португалија. Филмот претставува четири вљубени парови кои ја одразуваат разноликоста на португалската популација.
Спотот ја допира централната тема на овогодинешниот Политички филмски фестивал кој ќе се одржи во Лисабон од 19 до 22 април и ќе се фокусира на проблемите поврзани со еднаквоста на дискриминацијата. Кампањата отпочна на 9 април на социјалните медиуми, а од 13 април спотот ќе почне да се прикажува и на телевизија.
„Со оглед на светот во кој живееме, адвертајзингот има морална одговорност да помогне во градењето на едно потолерантно општество. Овој филм прикажува една нова и горда либерална и мултикултурна држава, покажувајќи како светот може да учи од Португалија,“ изјави Жоао Гомеш де Алмеида, креативниот директор на кампањата. Филмот е режиран од страна на Гонсало Франко, во продукција на Криптон.
„Можноста да се учествува уште од почетокот на еден граѓански проект каков што е Политичкиот филмски фестивал е, покрај голема гордост, и голем предизвик. Јас, како што сум граѓанин, така сум и политички учесник и имам свое гледање на работите, но кога се најдов зад камерата во продукцијата на оваа кампања, се обидов да се ставам во чевлите на личностите кои се опфатени. Како тие се чувствуваат во врска со ова? Ако беа на мое место, што ќе сакаа да опфтат? Секогаш се обидувам да го согледам ова во мојата работа и да ја пронајдам суштината на приказната која ја прикажуваме и на тој начин да ја направиме колку што е можно пореална во очите на гледачот,“ истакна режисерот Гонсало Франко.
Фестивалот, покрај проекцијата на филмови, ќе биде составен и од дебати, расправи, концерти, работилници и уметнички творби кои ќе имаат за цел да го натераат општеството да размислува за начинот како луѓето ги остваруваат своите граѓански права.
На крајот од неделата, списанието на Политичкиот филмски фестивал ќе биде испечатено во 7,500 копии и дистрибуирано низ Лисабон. Списанието, на своите 8 страници, ќе сподели погледи за дискриминацијата во португалското општество.
Важно е да се потсети дека кампањата од минатогодишниот Политички филмски фестивал создадена од Жоао Гомеш де Алмеида и продуцирана од Криптон освои две залтни награди на Meios&Publicidade Communication Awards и една златна награда на Sapo Awards. Филмот стана вирален во Португалија и Франција, каде што беше искористен од страна на поддржувачите на Емануел Макрон во претседателската трка против Мари Ле Пен.